Language: En | Sr | Mk | Sq

На почеток Контакт Мапа на сајтот

 
 
 




 

Работа со заедниците - МЛАДИ

Активности во фаза 1

Родена од состаноците на почетокот на 2004, Младинската работна група на ГПКТ ентузијастички се воспостави себе си како Младински совет на ГПКТ на својот состанок во декември 2004 (Извештај бр. 14 од состанокот на ГПКТ). Вклучувајќи луѓе од сите четири општини и етнички групи на возраст меѓу 16 и 22 години, Младинскиот совет привлече многумина кои се веќе вклучени во работата на младински НВОи или слични активности.

Пионерското тријазично младинско списание “Младински мостови“ (Извештај бр. 15 од активностите на ГПКТ), чиј прв број излезе во април 2005, стана фокусот на работата на Советот и наскоро почна да ја игра улогата на главна алатка за комуникација на телото со пошироката младинаа во ГПКТ. Создадена во партнерство со Интер-етник проект Куманово и делена бесплатно во средните училишта во микро-регионот, дво-месечната публикација се занимава и со сериозни и со забавни теми кои соодветствуваат на интересот на младите луѓе во четирите општини.

Покрај обуките за новинарски вештини (Извештај бр. 15 од активностите на ГПКТ) за соработниците на Младински мостови, членовите на Младинскиот совет на ГПКТ имаа корист и од обуката за раководење со проектен циклус (Извештај бр. 8 од активностите на ГПКТ) во декември 2004, работилница за ХИВ/СИДА (Извештај бр. 27 од активностите на ГПКТ) во јуни 2005 и обука за прва помош (Извештај бр. 29 од активностите на ГПКТ) во јули 2005. Натамошни активности предложени и спроведени од Младинскиот совет вклучуваат:
- уметничка изложба на младите од ГПКТ (Извештај бр. 16 од активностите на ГПКТ) во мај 2005 каде што млади уметници сликаа на темата “Младински мостови“;
- концерт “Стоп за СИДАта“ (Извештај бр. 27 од активностите на ГПКТ) во Гњилане во јуни 2005;
- младински пикник на ГПКТ (Извештај бр. 23 од активностите на ГПКТ) во Куманово во јули 2005; и
- летен камп (Извештај бр. 29 од активностите на ГПКТ) во Брезовица кон крајот на јули/почетокот на август 2005.

Во септември 2005 Младинскиот совет на ГПКТ зеде учество на Младинскиот НВО саем (Извештај бр. 33 од активностите на ГПКТ) во Гњилане организиран од страна на Локалната агенција за демократија, на којшто членовите организираа штанд за Советот и направија презентација за нивните активности во ГПКТ на конференцијата организирана паралелно со Саемот.

Последниот состанок на Младинскиот совет на ГПКТ (Извештај бр. 33 од состанокот на ГПКТ) за првиот проектен циклус беше одржан во септември 2005 со цел да се дискутира за постигнувањата и проблемите во текот на последните две и пол години и стратешките насоки за продолжена преку-гранична активност за следниот, втор, ГПКТ проектен циклус. Како дел од внатрешниот систем на ЕВИ за набљудување и проценка, на крајот на состанокот од сите учесници беше побарано да пополнат прашалник за нивните чувства за активностите на ГПКТ досега и што се надеваат тие дека ќе има во иднина.

Активности во фаза 2

За Младинскиот совет, вториот проектен циклус на ГПКТ започна со Младински конгрес на ГПКТ (ГПКТ фаза 2 – Младински извештај бр. 1) на 10 декември 2005, за да се означи првиот “роденден“ на Советот и да се донесат клучни одлуки за мисијата на телото, структурата и членството. Советот ги постави следните цели: да работи за позитивна промена во заедниците на ГПКТ; да ја зајакне младината; да гради меѓу-етнички односи; да го гради капацитетот на Советот за акција; и да делува како Младинска амбасада на ГПКТ. Одбор од 30 постојани членови беше избран и Советот реши да продолжи да работи со поддршка од ЕВИ со цел да се регистрира како една или повеќе независни младински НВОи во иднина.

Одборот на Советот потоа се сретна во февруари 2006 (ГПКТ фаза 2 – Младински извештај бр. 3) за понатаму да дефинира конкретни цели и да планира идни активности. Следејќи ги донесените одлуки беше организирана обука за прибирање средства и односи со донатори (ГПКТ фаза 2 – Младински извештај бр. 5) во април 2006, во Брезовица, со цел развивање на капцитетите на младинскиот совет за да прибира средства и да спроведува активности независно од финансиската поддршка на ЕВИ.

Следните актвности на Младинскиот совет на ГПКТ вклучуваат организирање на работилница за ХИВ/СИДА за учениците од основните училишта кон крајот на мај и детска модна ревија во јуни 2006.


 

На почеток Контакт Мапа на сајтот Назад

 








 
 

 

 
 

Web design by POSITIVE IT & Media