|
Активности во фаза 1
Работната група за жени на ГПКТ беше основана доцна летото во 2004:
членките вклучуваат НВО-активистки и лидерки, професионалки и
претставнички на зедницата а групата се состои од жени од сите
четири општини и етницитети во областа на ГПКТ.
По првичните дискусии за заедничките потреби во текот на есента
2004, беше обезбедена обука и градење капацитет од страна на ЕВИ за
членките на групата за методи на истражување (Извештај
бр. 5 за активностите на ГПКТ), основни компјутерски вештини (Извештај
бр. 6 за активностите на ГПКТ) и раководење со проектен циклус (Извештај
бр. 8 за активностите на ГПКТ) во ноември и декември 2004.
Бидејќи како еден од главните предизивици со кои се соочуваат жените
во микро-регионот беше идентификувана родовата дискриминација во
различни области, како што ќе напредува работната група за жени на
ГПКТ застапувањето ќе продолжи да биде клучна област. Групата ја
презеде својата прва иницијатива за застапување - петиција за мир (Извештај
бр. 14 за активностите на ГПКТ), за која членките на групата
заедно со волонтери собраа преку 6650 потписи низ целиот
микро-регион од крајот на февруари до почетокот на март 2005.
Надградувајќи се на ова прво практично искуство со застапување, во
мај 2005 беше организирана обука за граѓански техники на застапување
(Извештај
бр. 18 за активностите на ГПКТ) во соработка со косовскиот
огранок на Националниот демократски институт.
Групата исто така работи кон натамошно промовирање на женските
прашања преку медиумите и на конкретна соработка со работната група
за медиуми на ГПКТ. Повеќејазична телевизиска панел дискусија (Извештај
бр. 24 за активностите на ГПКТ) за жените и донесувањето одлуки
во микро-регионот беше организирана во соработка со две телевиски
станици од Работната група за медиуми на ГПКТ во Гњилане, во јуни
2005 и се покажа како многу успешна. Други активности спроведени во
јуни, вклучија спроведување на истражување за постоечките родови
механизми во локалните самоуправи на ГПКТ (Истражување на ГПКТ
Родовите механизми во лоалната самоуправа во микро-регионот на ГПКТ:
проценка, Кристина Хаџи-Василева, јуни 2005) и организирање на
состанок за застапување во заедницата (Извештај
бр. 25 за активностите на ГПКТ) во Прешево за да се упати на
недостатокот на специјалисти за децата со посебни потреби.
Последниот состанок на Работната група за жени (Извештај бр. 31 од
состанокот на ГПКТ) за првиот проектен циклус беше одржан во август
2005, со цел да се дискутира за постигнувањата и проблемите во текот
на последните две и пол години и стратешките насоки за продолжена
преку-гранична активност кои ќе продолжат во вториот циклус на ГПКТ.
Како дел од внатрешниот систем на ЕВИ за набљудување и проценка, на
крајот од состанокот, од сите учесници беше побарано да пополнат
прашалник за активностите на ГПКТ досега и што се надеваат тие да
видат во иднина.
Активности во фаза 2
Работната група за жени на ГПКТ се состана на почетокот на втората
фаза на проектот (ГПКТ
фаза 2 - Извештај бр. 1 од состанокот на работната група за жени)
во јануари 2006 со цел да дискутира за своите дотогашни
постигнувања, предизвици и заеднички потреби и прашања кои треба да
се адресираат во следните години. Работната група за жени исто така
идентификуваше цели за нивната идна работа: да работат заедно кон
градење на мирот меѓу заедниците на ГПКТ; да промовираат и
поддржуваат жени лидерки и донесувачи на одлуки; да промовираат
вработување на жените и фер третман на работното место; да работат
за спречување и намалување на насилството кон жените и да работат на
промовирање на здравјето кај жените.
Првата активност во вториот циклус на проектот на ГПКТ беше одржана
на 1 април во Куманово, ден на насмевка (ГПКТ фаза 2 - Извештај бр.
2 од состанокот на работната група за жени) – првиот од планираната
серија на мулти-етнички денови на активност со деца и родители.
Настанот собра преку 30 деца и нивните родители или наставници, кои
уживаа дотерани во попладнето во игротеката Зафирче, добивајќи маици
и освежување. Локалните медиуми нашироко го покрија настанот и
покрај локалните медиуми, 3-минутна репортажа беше емитувана во
Косово и Македонија од страна на Програмата на албански јазик на
Гласот на Америка.
Следни активности на Работната група за жени вклучуваат ТВ дебата за
жените и економијата во април, втор “ден на насмевка“ во јуни и
планирање кампања за застапување во врска со семејното насилство. |