Language: En | Sr | Mk | Sq

На почеток Контакт Мапа на сајтот

 
 
 




 

Работна група за медиуми на ГПКТ

Активности во фаза 1

По состаноците за консултации (Извештај бр. 7 од состанокот на ГПКТ) на почетокот на 2004, работната група за медиуми на ГПКТ беше воспоставена во јуни 2004 со цел формализирање на работните односи меѓу медиумските организации во регионот на ГПКТ, бидејќи преку-граничната соработка меѓу различните медиуми нема само да му служи на овој посебен сектор туку исто така би бил клучен за успехот или неуспехот на која било активност на преку-гранична соработка. Членовите на Работната група, првенствено директори и главни уредници на телевизиски станици, решија редовно да разменуваат информации, да пренесуват искуство и да работат заедно за да идентификуваат приоритетни иницијативи за медиумите во микро-регионот.

Конференцијата, во септември 2004 во Куманово, (Извештај бр. 9 од состанокот на ГПКТ) го виде воспоставувањето на заедничкиот Уреднички одбор на ГПКТ, оперативно тело за раководење со предложените заеднички програми кое ќе дејствува и како механизам за координирање на различните други активности за медиумска соработка во микро-регионот. Уредничкиот одбор постигна согласност за неколку идеи за практична преку-гранична соработка како: заедничко производство на документарни и тематски програми за заеднички прашања во микро-регионот на ГПКТ; употреба и/или размена на опрема, новинари и техничари помеѓу медиумските куќи; и блиска соработка со општинските координатори за микро-регионот на ГПКТ за да се обезбеди општинска поддршка за преку-граничната медиумска соработка. На следните состаноци, работната група вклучи нови претставници од Трговиште, се координираше околу пријавите за заеднички документарни програми за Програмата на ГПКТ за грантови за преку-гранични активности и работеше на развивање на веб-сајтот на ГПКТ (Извештај бр. 32 од активностите на ГПКТ) вклучувајќи архива на вести на ГПКТ и видео-преземања на заедничките програми. Врз основа на одлуката да се започне со вклучување на радио-станиците во Групата, во јуни 2005 со техничка поддршка обезбедена од ЕВИ, четири радио станици од ГПКТ емитуваа две пилот “радио мост“ програми (Извештај бр. 21 од активностите на ГПКТ) - заеднички емисии на радио станици поврзани преку телефонска линија.

Два заеднички документарни програми финансирани преку Програмата за микро-грантови на ЕВИ беа презентирани на семинарот за медиуми “Вести од другата страна“ одржан на крајот од циклусот (Извештај бр. 27 од состанокот на ГПКТ), во јуни 2005, заедно со други мулти-етнички програми произведени од страна на телевизиските станици од ГПКТ. Работната група за медиуми на ГПКТ ја повтори својата решеност да работи кон развој и вмрежување преку заеднички програми, обуки и размена на информациии и да се насочи кон воспоставување на независна регионална медиумска структура.

Активности во фаза 2

По најавата на српската влада за отворање на четири нови локални гранични премини меѓу Србија и бЈР Македонија, шест телевизиски станици од ГПКТ работеа на производство на заедничка програма (ГПКТ фаза 2 – Медиумски извештај бр. 1) на три јазици, во декември 2005, претставувајќи го животот на различните заедници кои живеат во најблиската околина на најавените гранични премини. Заедничката програма, која вклучуваше осум репортажи од граничните села и на македонската и на српската страна, ја нагласи потребата за итна акција во врска со изградбата и отворањето на новите гранични премини.

Во февруари 2006, се одржа првиот стратешки состанок (ГПКТ фаза 2 – Медиумски извештај бр. 2) на работната група за медиуми на ГПКТ во вториот проектен циклус, во кој зедоа учество радио-станици од сите општини за првпат по воспставувањето на Групата. Групата ги планираше своите активности за следните месеци, вклучувајќи заеднички документарни програми за високо образование и културно наследство, заедничка младинска радио програма и обуки за професионално новинарство.

Како прв чекор во спроведувањето на работниот план на Групата, четирите радио станици работеа заедно со волонтерите на Младинскиот совет на ГПКТ за да произведат пилот младинска радио програма (ГПКТ фаза 2 – Медиумски извештај бр. 3) на три јазици. Во следните месеци радио станиците на ГПКТ, со поддршката на ЕВИ, ќе работат на прибирање средства за да ја направат младинската програма на ГПКТ редовен дел на нивната програма.

Покрај активностите на Работната група за медиуми, медиумите на ГПКТ обезбедуваат редовно покривање на настаните од ГПКТ и се вклучени во производството на најновата телевизиска панел дискусија за женски прашања, иницијатива на Работната група за жени на ГПКТ во април 2006 и на тековната реализација на списанието на Младинскиот совет на ГПКТ “Младински мостови“.


 

На почеток Контакт Мапа на сајтот Назад

 








 
 

 

 
 

Web design by POSITIVE IT & Media