Language: En | Sr | Mk | Sq

На почеток Контакт Мапа на сајтот

 
 
 




 

Краток опис на проектот на ГПКТ

Општата цел на Проектот на ГПКТ е да негува одржливи меѓу-етнички практики за систематска соработка во микро-регионот Ѓњилане-Прешево-Куманово-Трговиште. Ова се смета за конкретна основа за промовирање безбедност и соработка во поширокиот регион, без оглед на конечниот статус на Косово. Проектот на ГПКТ на терен започна во пролетта 2003, со втората фаза на проектот започнувајќи во декември 2005 и ќе трае до мај 2008, поддржан од канцелариите на ЕВИ во Гњилане (Косово), Скопје (Македонија) и Врање (Србија).
 


Работна група за медиуми на ГПКТ

По состаноците за консултации на почетокот на 2004, работната група за медиуми на ГПКТ беше воспоставена во јуни 2004 со цел формализирање на работните односи меѓу медиумските организации во регионот на ГПКТ, бидејќи преку-граничната соработка меѓу различните медиуми нема само да му служи на овој посебен сектор туку исто така би бил клучен за успехот или неуспехот на која било активност на преку-гранична соработка. Членовите на Работната група, првенствено директори и главни уредници на телевизиски станици, решија редовно да разменуваат информации, да пренесуват искуство и да работат заедно за да идентификуваат приоритетни иницијативи за медиумите во микро-регионот.
 


Работна група за жени на ГПКТ

Работната група за жени на ГПКТ беше основана доцна летото во 2004: членките вклучуваат НВО-активистки и лидерки, професионалки и претставнички на зедницата а групата се состои од жени од сите четири општини и етницитети во областа на ГПКТ.
 


Комитетот за образование на ГПКТ

По состанокот на Работната група за образование кој се одржа во ноември 2004, беше воспоставен Комитетот за образование на ГПКТ. Комитетот вклучува наставници, директори на училишта, општински работници во областа на образованието, родители кои се поврзани со различни градинки, основни и средни училишта од сите четири општини и етнички групи во микро-регионот на ГПКТ.
 


Младински совет на ГПКТ

Родена од состаноците на почетокот на 2004, Младинската работна група на ГПКТ ентузијастички се воспостави себе си како Младински совет на ГПКТ на својот состанок во декември 2004. Вклучувајќи луѓе од сите четири општини и етнички групи на возраст меѓу 16 и 22 години, Младинскиот совет привлече многумина кои се веќе вклучени во работата на младински НВОи или слични активности.
 


 

На почеток Контакт Мапа на сајтот Назад

 





 
 

 

 
 

Web design by POSITIVE IT & Media