Language: En | Sr | Mk | Sq

На почеток Контакт Мапа на сајтот

 
 
 




 

Кус опис на Проектот ГПКТ

Општата цел на Проектот на ГПКТ е да негува одржливи меѓу-етнички практики за систематска соработка во микро-регионот Ѓњилане-Прешево-Куманово-Трговиште. Ова се смета за конкретна основа за промовирање безбедност и соработка во поширокиот регион, без оглед на конечниот статус на Косово. Проектот на ГПКТ на терен започна во пролетта 2003, со втората фаза на проектот започнувајќи во декември 2005 и ќе трае до мај 2008, поддржан од канцелариите на ЕВИ во Гњилане (Косово), Скопје (Македонија) и Врање (Србија).
 


Клучни постигнувања на првиот циклус вклучуваат:

вклучување на јужната српска општина Трговиште како целосно интегриран партнер во проектот, по насилството во март 2004 во Косово, и одлуката на градоначалниците на Гњилане, Прешево и Куманово да поканат општина со мнозинско српско население да се приклучи на микро-регионот праќајќи позитивна порака за мир и меѓу-етнички дијалог;
воспоставување и консолидација на четири преку-гранични мулти-етнички работни групи од заедницата во областа на младите, образованието, медиумите и женските права;
планирање и преземање конкретни преку-гранични и мулти-етнички активности со членовите на работните групи, опфаќајќи од заеднички училишни натпревари, до младински концерти и публикации и до повеќејазични телевизиски дебати;
подобрување на капацитетите на граѓанското општество и општинските претставници преку обука во областите на раководење со проектен циклус, застапување, компјутерско описменување, новинарство, свесност за ХИВ/СИДА, прва помош и градење тим;
зголемување на преку-граничната размена и унапредување на капацитетите на локалните граѓански организации за да се пријават за и да спроведат преку-гранични проекти преку програмата на ГПКТ за лансирање микро-проекти (МПЛФ), во рамките на која беа финансирани 11 проекти во две рунди;
истражување и објавување на четири истражувања за клучни прашања во микро-регионот – управување со граници, родовите механизми во локалната самоуправа, динамиката на конфликтот и развојот, и младинска применета политика;
спроведување на шестмесечен процес на консултација за економски развој и преку-гранично планирање и лансирање на Планот за интегрирана развојна применета политика на ГПКТ за микро-регионот, во јули 2005 (спроведен од консултантската фирма од Берлин, инСАР);
политичка работа и работа за застапување на високо ниво, вклучувајќи ја и конференцијата во Куманово 2004, тркалезната маса за применета политика во Брисел во февруари 2005 и конференцијата Прекугранична соработка меѓу Косово, Србија и бЈР Македонија – иницијативата на Гњилане-Прешево-Куманово-Трговиште (ГПКТ): постигнувања, предизивици и следни чекори, во јули 2005.

 


 

На почеток Контакт Мапа на сајтот Назад

 








 
 

 

 
 

Web design by POSITIVE IT & Media