Language: En | Sr | Mk | Sq

На почеток Контакт Мапа на сајтот

 
 
 




 

Комитетот за образование на ГПКТ

Активности во фаза 1

По состанокот на Работната група за образование кој се одржа во ноември 2004 (Извештај бр. 11 од состанокот на ГПКТ), беше воспоставен Комитетот за образование на ГПКТ. Комитетот вклучува наставници, директори на училишта, општински работници во областа на образованието, родители кои се поврзани со различни градинки, основни и средни училишта од сите четири општини и етнички групи во микро-регионот на ГПКТ.

Започнувајќи со првиот заеднички настан, ден за училиштен натпревар (Извештај бр. 2 за активностите) во ноември 2003, Комитетот редовно се среќаваше во текот на последната година за да разговара за заедничките потреби и проблеми и да идентификува заеднички решенија. Членовите на Комитетот исто така имаа корист од обуката на ЕВИ за основни компјутерски вештини (Извештај бр. 6 за активностите на ГПКТ) и раководење со проектен циклус (Извештај бр. 8 за активностите на ГПКТ) во ноември и декември 2004.

Активностите во 2005 започнаа со детскиот ликовен натпревар на ГПКТ (Извештај бр. 13 за активностите на ГПКТ), одржан на крајот од февруари 2005 и прв мулти-етнички настан било кога одржан во “новата“ партнерска општина, Трговиште (мнозинска етнички српска општина која се придружи на регионот на ГПКТ во средината на 2004): децата од албански, српски и македонски етнички групи од сите четири општини на ГПКТ поминаа еден ден сликајќи на темата “пријатели преку граници“.

По успехот на натпреварот во уметност, беше организиран летен спортски натпревар на училиштата од ГПКТ (Извештај бр. 19 за активностите на ГПКТ) во Прешево, во мај 2005, за деца од сите четири општини. Тимови од шест училишта се натпреваруваа во фудбал, кошарка и атлетика, и постоеше силна поддршка за предлогот натпреварот да се претвори во годишен училиштен спортски настан на ГПКТ.

Активностите на Комитетот за образование на ГПКТ го завршија летото со серија заеднички театарски настапи (Извештај бр. 26 за активностите на ГПКТ) во јуни 2006. Следејќи ги препораките од Комитетот и состаноците за планирање (Извештај бр. 18 од состаноците на ГПКТ), училиштата на ГПКТ од секоја општина ги здружија силите за да одржат четири изведби, од која секоја се состоеше од краток танц, песна или театарски делови од различните училишта, во секој од градовите на ГПКТ. Со публика од заедниците како и од училиштата домаќини и изведбата на различни традиционални музики и танци, овие серии на заеднички театарски настани претставуваа значаен напредок во поттикнувањето културна свесност и толеранција.

На крајот на првата фаза на проектните активности, Комитетот за образование се сретна во август 2005 (Извештај бр. 32 за состанокот на ГПКТ) за да ги погледне стратешките насоки за продолжени преку-гранични активности кои ќе продолжат во вториот циклус на ГПКТ. Како дел на внатрешниот систем за набљудување и оценка, на крајот на состанокот сите учесници беа замолени да пополнат прашалник за нивните чувства за досегашните активности на ГПКТ и што тие се надеваат дека ќе видат во иднина.

Активности во фаза 2

Комитетот за образование ја започна втората фаза на проектот на ГПКТ со состанок за стратешко планирање (ГПКТ фаза 2 – Извештај бр. 1 од состанокот на Комитетот за образование). Гледајќи наназад кон постигнувањата и предизвиците во минатата година, и резултатите од прашалникот за оценка од август 2005, членовите на Комитетот идентификуваа заеднички проблеми и потреби, цели за нивната заедничка работа и продолжена преку-гранична соработка меѓу наставниците и децата во заедниците на ГПКТ и испланираа серија заеднички преку-гранични активности и обуки за следните месеци.

Во март 2006 се одржа првата активност на Комитетот за образование, дводневна обука за прибирање средства (ГПКТ фаза 2 – Извештај бр. 2 од состанокот на Комитетот за образование), во Брезовица, Косово организирана заеднички од ЕВИ и Католичките служби за помош (Catholic Relief Services). Врз основа на пријавите, учествуваа десет одбрани наставници од училиштата од ГПКТ подобрувајќи ги нивните вештини за пишување проекти, односи со донатори, методи, можности за финансирање, пријави, претставување информации и известување.

Следната активност на Комитетот – денот на културна размена (ГПКТ фаза 2 – Извештај бр. 3 на Комитетот за образование) во Куманово, се одржа на почетокот на април 2006. Тој вклучуваше ученици од основни училишта од четирите општини и нивните наставници кои посетуваа културни споменици во и околу Куманово. Деновите на културна размена се планира да се одржат во сите општини на ГПКТ до крајот на годината.


 

На почеток Контакт Мапа на сајтот Назад

 








 
 

 

 
 

Web design by POSITIVE IT & Media